Македонија
13. January 2019 - 9:12

Презентација на најдобро рангираното решение на повикот за социјално претприемаштво

Во прифатниот пункт Момин Поток во Скопје денеска ќе биде презентирано најдобро рангираното решение на Јавниот повик за финансирање проекти за социјално претприемаштво „Предизвик за иновативно решение за обезбедување оброк за сите“.

На презентацијата ќе присуствуваат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски и преставник на конзорциумот што го спроведува проектот.