Македонија
13. November 2018 - 8:25

Презентација на меѓународните стандарди за спроведување на попис на населението

Во рамките на соработката со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за унапредување на податоците за населението, вклучувајќи го и Пописот на населението, Државниот завод за статистика денеска организира средба со уредниците на медиумите во Македонија.

На средбата, меѓународниот експерт за пописи, Вернер Хауг, ќе ги презентира меѓународните стандарди за спроведување на попис на населението, а директорот на Државниот завод за статистика ќе ги претстави активностите што ги презема Заводот во врска со подготовките за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во РМ.