Бизнис
7. October 2015 - 9:28

Презентација на македонски компании за поголем извоз кон Аргентина

Македонски компании денеска ќе ги презентираат своите производи и технолошко-технички капацитети пред амбасадорот на Аргентина во Република Македонија, со седиште во Софија, Гујермо Салвадор Азрак.

Целта на презентацијата, што ја организира Македонско-бугарската стопанска комора, е да се поттикнат македонските компании да ги прошират своите извозни активности.

Своите производи, како што е најавено од Македонско-бугарската стопанска комора, ќе ги претстават компаниите „Алкалоид“, „Витаминка“, „Адинг“, „Ариљеметал“, „Мај маркет“ и „Аксон Трејдинг Старвинг“.

Покрај амбасадорот на Аргентина, на презентацијата ќе присуствува и претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Зоре Темелковски.