Бизнис
27. July 2015 - 8:59

Презентација на „Македонија вработува“ во Струга

Агенцијата за вработување на Република Македонија денеска и утре ќе го презентира проектот „Македонија вработува“ во Струга.

Преку овој владин проект досега се вработени 3.850 лица. Со проектот се вработуваат невработени лица до 35 години, лица од 35 до 50 години кои повеќе од 10 години се без работа, лицата над 50 години, како и лица од ранливите категории граѓани, примателите на социјална парична помош, самохраните родители, родителите на 3 или повеќе деца, деца без родители и родителска грижа и родители на децата со пречки во развојот.

Целта е намалување на невработеноста во државата, креирање нови работни места и зголемување на животниот стандард на граѓаните.