Македонија
17. October 2018 - 8:32

Презентација на кампањата „Да ја искорениме менструалната сиромаштија“

Новинари за човекови права денеска ќе ја започне кампањата „Да ја искорениме менструалната сиромаштија во Македонија“.

На настанот ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето спроведено во мај оваа година, Прирачникот за менаџирање со менструална хигиена и ќе бидат соопштени барањата до ресорните министерства и бизнис секторот за искоренување на менструалната сиромаштија.