Бизнис
14. February 2020 - 8:20

Презентација на извештај за работата на АВМУ и АЕК и дебата за 5Г

Петти периодичен мониторинг-извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ќе биде презентиран денеска во рамките на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch II“.

На презентацијата на извештајот е најавена дебата и за тоа што претставува 5Г-технологијата, со предности и негативности од нејзино користење.

Активностите ги спроведуваат Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права.