Македонија
23. February 2017 - 8:52

Презентација на истражувањето за потребите и побарувачката за професионална рехабилитација

Резултатите од истражувањето за потребите и побарувачката за професионална рехабилитација и персонална асистенција во рамки на проектот „Унапредување на услугите за социјална инклузија“ финансиран од Европска унија денеска ќе бидат презентирани во Скопје.

Целта на проектот е да се зајакнат капацитетите, вештините, компетенциите и знаењето на професионалците кои се одговорни за поддршка на професионалната рехабилитација и социјална инклузија на лицата со попреченост.

Проектот ќе опфати развој и воведување на професионална рехабилитација и услуги за лична асистенција, вклучувајќи и квалитетни стандарди за испорака, контрола и надзор на овие услуги.