Бизнис
16. December 2019 - 8:29

Презентација на „Четвртата проценка на деловното опкружување во Северна Македонија 2019“

Во рамки на Проектот на УСАИД, Партнерство за подобра бизнис регулатива денеска ќе биде презентирана „Четвртата проценка на деловното опкружување во Северна Македонија 2019 година“, која ќе го имплементираат Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на северозападна Македонија, Сојуз на стопански комори на Македонија, и консултантската куќа ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал.

Според организаторите, проценката е во насока на подобрување на правната усогласеност и вклученост на бизнис секторот во процесот на законските измени, а на настанот ќе бидат претставувени резултатите од анкетата во која учествува 596 компании за проценка на бизнис климата и регулативата која се однесува на бизнис секторот.