Преземал идентитет на починат стоматолог и добил казна од еден милион долари
Стоматолог од Њу Џерси доби казна од 1,1 милион долари, затоа што го преземал идентитетот на починат колега бидејќи ја загубил својата дозвола и од државното здравствено осигурување наплатувал трошоци за услугите кои ги давал.
Педесет и осум годишниот стоматолог Рубен Бруким е исклучен од сите федерални здравствени програми во траење од 50 години. Тоа е едно од најдолгите исклучувања кое го нареди американското Министерство за здравство.
Федералните власти соопштија дека Бруким почнал да поднесува лажни сметки до владината социјална програма за здравствено осигурување на име на починатиот колега Џон Киркленд, бидејќи неговата дозвола му е одземена во 2004 година.
Тој е обвинет за фалсификување на извештаи, а во 2014 година бил девет месеци во затвор.
Ново на Сител
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата