Македонија
18. јуни 2019 - 13:54

Превртен камион на автопатот Скопје - Тетово

Превртен камион направи застој на сообраќајот од Скопје кон Тетово по автопатот „Мајка Тереза“.

Од тетовската полиција информираат дека се уште не се знае за каков инцидент станува збор, но потврдуваат дека на патот има превртен камион.

Полициски службеници и увидна екипа се упатени кон местото. Сообраќајката е на потегот од првата патарина кон Тетово.

Очевидци на настанот инфомираат дека на местото на сообраќајката се упатиле и возила на тетовската противпожарна единица и брзата помош.