Бизнис
5. December 2018 - 20:49

Превезени два милиони патници на скопскиот аеродром

Прв пат скопскиот аеродром избороја два милиони патници во текот на една година. Растот во однос на лани изнесува 18%. До крајот на годината бројката дополнително ќе расте, вели надлежниот министер.

Следниот таргет на ТАВ Македонија е да се стигне до три милиони патници во 2022 година. Од компанијата велат дека нискобуџетните компании нема да го напуштат македонскиот пазар. Според првиот човек на ТАВ, бројот на патници постојано се зголемува, иако во последните неколку месеци државата не дава субвенции за евтини летови.

Аеродормските власти денеска го пречекаа двамилионитиот патник на скопскиот аеродорм,Ивана Николоска од Прилеп која живее во Мелбурн.

Скопскиот аеродром е поврзан со 38 дестинации преку 13 авиокомпании.