Македонија
14. July 2016 - 15:24

Превентивни мерки во Ѓорче Петров за лето без пожари

Во рамките на проектот за превенција од имотни деликти и проектот „Лето без пожари”, ќе се преземат превентивни мерки и ќе се организираат средби на претставници на Месните и Урбаните заедници со граѓаните, за да се намалат кривичните дела и да се зголеми безбедноста на граѓаните на Општина Ѓорче Петров.

Ова денеска било договорено на средбата на градоначалникот Сокол Митровски со претставници од МВР, директорите на основните училишта и претставници на Месните заедници. Во рамките на овие активности, полициските служби заедно со претставници од Општината ќе имаат и средби со граѓаните од  Општина Ѓорче Петров.

За превентива и избегнување на несакани последици од пожари и од кражби, ќе има дваесет и четиричасовно присуство на вработени во училиштата и градинките, службите за безбедност, како и полициски патроли.

Со цел да се намали нарушувањето на јавниот ред и мир во доцните часови во летниот период,  ќе се организираат патроли составени од граѓани и од претставници на полицијата со цел и самите граѓани да се вклучат во оваа акција.

Исто така ќе се обнови и Акцијата за отстранување на хаварисани возила со цел да се зголеми еколошката свест кај граѓаните и да се придонесе за повисоко ниво на урбаното живеење во општината.