Македонија
27. July 2019 - 14:41

Превентивна кампања „Лето без пожари“ со показна вежба во Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид преку Отсекот за превенција, во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и Територијалната противпожарна единица, викендов ја реализираат превентивната кампања „Лето без пожари“.

Во таа насока вечерва од 19 часот на Градското пристаниште ќе биде изведена показна вежба и демонстрација на опремата со која располага ППЕ И ДЗС, а на поставените штандови ќе се делат флаери, брошури и друг едукативен материјал за превенција од пожари на отворен простор.

Кампањата ќе продолжи утре од 9 до 11 часот на плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот.