Превенција за безбедност и здравје при работа
Во Македонија во 2015 година се случиле 144 несреќи при работа од кои 39 со фатален исход, покажуваат податоците од студијата за функционирање на бипартитниот дијалог за безбедност и здравје при работа во компаниите и улогата и профилот на претставниците на вработените за безбедност и здравје при работа во Македонија.
Студијата ја спроведе Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР) во рамките на проектот „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина - основно човеково право“.
Милан Петковски од МЗЗПР смета дека не се преземаат конкретни активности кои би требало навреме да направат соодветен оперативен зафат.
- За некој да биде посигурен и побезбеден на работното место треба подолг временски период да помине бидејќи со законските решенија не се постигнуваат моментални решенија, рече Петковски.
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Живко Митревски истакна дека студијата покажува оти во 90 проценти од примероците од 160 претпријатија во Македонија превентивната функција ги дава своите резултати.
- Студијата покажа дека како Синдикат директно сме инволвирани и во процесот на обезбедувањето на редовните обуки за безбедност и здравје при работа и во делот на контролата при исклучителни активности кои ги имаат во делот на промена на технологијата, рече Митревски.
Од МЗЗПР информираат дека целта на студијата е унапредување и промовирање на бипартитниот безбедност и здравје при работа (БЗР) дијалог во компаниите, како и зајакнување на улогата на претставниците на вработените за БЗР и создавање здрави работни места.
- Од ова истражување дојдовме до заклучок дека и работниците и работодавачите се соочуваат со проблеми и потешкотии во својата работна средина, истакнуваат од Здружението.
Препорачуваат обуки и едукација на вработените, претставниците на вработените за безбедност и здравје при работа и синдикалните претставници за основни стандарди за безбедност и здравје при работа, континуирана обука на работодавачите за целосна примена на Законот за безбедност и здравје при работа во рамки на јавниот и приватниот сектор..
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање