Свет
22. November 2015 - 11:24

Претстои преформатирање на националистите во Украина

Комерсант - Москва

Лицето на украинскиот национализам, Дмитриј Јарош, се повлече како водач на создаденото од него радикално движење Десен сектор. Објасни дека има здравствени проблеми, откако беше ранет во јануари во битките за аеродромот во Доњецк. И додаде дека неговата позиција сосема не се совпаѓа со стремежите на дел од раководството на Десен сектор.

Информирани извори на Комерсант од Киев всушност се убедени дека Јарош сеедно ќе остане во политиката - тој е тесно поврзан со олигархот Игор Коломовски, кој со сигурност ќе најде нов предлог за „својот најрадикален политички проект“.

Повлекувањето од лидерската позиција во Десен сектор беше најавено од Јарош на фејсбук.

- Кога бев ранет, лекувањето се одолжи и некои насоки од управувањето на движењето ги доверив во рацете на најблиските истомисленици, кои гледаа и се уште гледаат на свој начин на проширувањето на националистичкото движење. А мојата позиција ниту оддалеку не се совпаѓа целосно со стремежите на дел од Провода (раководниот орган на Десен сектор), напиша тој. „Како член на Провода, јас носам лична одговорност за се што се случува во организацијата и нема да ја префрлан на туѓ грб. Токму затоа не можам да присуствувам само заради „тежина“ во Десен сектор“.

Десен сектор се појави во ноември 2014 година, во суштина паралелно со почетокот на масовните протести во Киев, за смена на претседателот Виктор Јанукович. Борците од таа организација беа едни од исфрлените поединци на Мајдан и дадоа виден придонес за победата. Но штом започна конфронтацијата на силите во Донбас, Дмитро Јарош го создаде на база на својата организација Доброволниот украински корпус Десен сектор, кој активно учествуваше во борбените дејствија.

Во очите на луѓето, симпатизерите на саморпогласените Доњецка и Луганска народни републики - ДНР и ЛХР, но исто и за руските медиуми, имено Десен сектор и Дмитриј Јарош стана синоними за радикален национализам кој се граничи со неонацизам. Во ноември 2014 г., Десен сектор беше забранет во Русија.

Според информирани извори од Киев, повлекувањето на Јарош од раководната функција во движењето не сосема значи дека тој ја напушта и политиката. Собеседниците не потсетија дека основачот на десен сектор е тесно поврзан со еден свој земјак - олигархот Игор Коломојски, бивш гувернер на Днепропетровската област. Организацијата и самиот Јарош се познати како „најрадикалниот политички проект на Коломојски“.

Според украински експерти, Јарош - кој се уште е пратеник во Врховната рада, уште долго време нема да исчезне како барана фигура штом стане збор да се рекламираат други политички проекти на олигархот, како што е движењето Укроп“. (Украинско обединување на патриотите, официјално регирстрирана политичка партија во земјата. Истовремено, укроп е руски термин за копар, навредлив прекар за украинските националисти кој го користат националистите во Русија). Оваа новосоздадена организација иако припаѓа на националистичката ниша, сепак нема толку радикален имиџ како Десен сектор. А „секторот“ на крајот беше замешан во редица бучни сандали како јулската пресметка во задкарпатскиот град Мукачево. (Според украински и руски медуми, крвавата престрелка во задкарпатската област Мукачево во југозападна Украина, се случила на 11 јули помеѓу борци од Десен сектор, полицијата и непознати лица заради поделба на канали за шверцување).

Претсдтавник на движењето кој побара анонимност, пред Кореснат изјави дека Дмитриј Јарош се повлече најмногу заради своите здравствени проблеми. „Откако беше ранет, тој тешко поднесува големи обврски. Освен тоа, заседава во Врховната рада и не може да патува до фронтот каде позиците ги држат неговите другари. Тоа не е во ред и во таква ситуација навистина најдобро беше да си замине“, рече нашиот соговорник од Десен сектор.

Во септември, Дмитриј Јарош преклу фејсбук ги повика граѓаните на Укарина на масовен непокор на властите во Киев и објави мобилизација на своите потчинети. Ккао главна цел на идните акции, екстремистот посочи „да се смени режимот на внатрешната окупација и украинскиот народ да добие национална државност“.

- Дмитриј Јарош е сериозен човек, а силата со која управува е доста радикална во Украина... иако и не толку демонска колку што ја опишуваат во Русија, коментираше тогаш за Комерсант киевскиот политиколог Олексиј Курпас.

Тоа не е првата закана за украинската власт „и штом ќе дојдеме до бандитизам, бандитизмот треба да биде сопрен“. Дури и човек во рацете да го држи сино-шолтото знаме на Украина, никој не му дава за право за врши противзаконски дејствија, потенцираше тој.

Но Јарош „засега не повикал на војна и уште ништо не направил“, подвлекува аналитичарот според кого изјавите на националистот беа „класичен пиар“ пред локалните избори во Украина кои се случија во октомври.

- Постои најмногу пет отсто веројатност во Украина да започнат масовни протести - земјатат треба да се насочи кон економските проблеми, рече Курпас. „Навистина реба да се бориме со корумпираните судии и со корупцијата во другите органи на власта, но по мирен и законски пат, а исходот не е да бесиме „корупционери“ по сите бандери“, истакна експертот по повод повиците на други украински националисти.