Бизнис
18. September 2015 - 8:36

Претставување на најновите трендови во електромобилната индустрија

На Машинскиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи конференција за поголема електромобилност и Експо за електрични возила, во организација на „Електромобилност Македонија“, а во рамки на Европската недела на мобилност.

Целта на организаторот е да се создаде критична маса која ќе поттикне и придонесе за преминување кон одржлив енергетски систем во Македонија.

- Целта на настанот е да ги собере и да ги претстави на едно место најновите трендови во електромобилната индустрија достапни во Македонија, човечкиот креативен потенцијал и инженерско знаење и да даде простор за отворање дискусија за проблемите со загадувањето кои Македонија ја врбојуваат во врвот на светските листи. Нашето општество се уште нема системски одговор за овој горлив проблем. Сметаме дека е време и овде кај нас да се отвораат прашања за чекорите кон одржлива иднина на македонската економија и влијанието од неа врз животната средина, соопшти организиторот.