Бизнис
27. October 2015 - 9:16

Претставување активности на Стопанската комора на Македонија

Во насока на промоција на своите членки кои се успешни не само во земјата, туку и во странство, Стопанската комора на Македонија денеска ќе ги претстави активностите кои во наредниот период ќе бидат насочени кон надградување на институционалните капацитети.

Како што информираат од комората, активностите предвидуваат поврзување на науката и бизнисот од повеќе аспекти, во областа на научно-истражувачката и образовната дејност.