Македонија
1. October 2016 - 10:57

Претставник на МД„Илинден“-Тирана на манифестацијата „Тирана чита“

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, со свој претставник учестуваше на традиционалната манифестација „Тирана чита“.

- Тоа е настан во рамките на Меѓународниот фестивал на литературата што се одржува во Тирана, на неколку локации низ градот. Фидана Ќулханџиу како преставник на Македонско друштво „Илинден“ се претстави со нејзина поезија на македонски и албански јазик, пред љубители на убаво напишаниот збор, во книжарницата „Сответна”, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

На оваа традицонална манифестација со свој претставник  „Илинден“ за првпат учествуваше лани и ќе учествува и понатаму и на ова и на други културни настани и манифестации во Албанија и во Македонија.

- Македонците во Албанија се почесто се присутни на културни и други манифестации, каде што ги изнесуваат своите македонски дела во албанската јавност, но и пошироко.Ова е можност да се знае повеќе за македонската култура, додава Ѓурѓај.

Фестивалот е проект на Институтот за демократија, медиуми и култура од Тирана, а во неговото реализирање соодветна поддршка дадоа и Министерството за култура на Република Албанија, општина Тирана и други партнери.