Македонија
5. April 2017 - 18:10

Претставниците на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ се поклонија пред декларацијата за независност

Претставниците на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на денешниот масовен протестен марш оддадоа почит пред декларацијата за независност на Република Македонија во Музејот на Македонската борба за државност.

-Овој документ ги обединува сите граѓани на Република Македонија, 38 ден сме на улица и се бориме да го зачуваме тој документ, истакна Богдан Илиевски, член на иницијативата.

Вели дека разно-разни центри преку тирански подметнувања и платформи сакаат да ја уништат декларацијата за независност, додавајќи дека тој документ е еден од темелите на нашиот идентитет.

1

-Документот кој е еден од темелите на нашиот идентитет, документ кој го спојува минатото и сегашноста и документ кој е основа за нашата иднина, документ кој не признава никакви поделби, ниту по верска, ниту по национална основа, документ кој ги обединува сите граѓани на Република Македонија. 38 ден сме на улица, се бориме да го зачуваме тој документ, посочи Илиевски.

45