Претставници од Македонија, Албанија и Косово ќе дискутираат за економски развој на Шара
Групата засегнати страни за прекуграничниот регион „Шара“ денеска ќе одржи состанок во Призрен, Косово. Состанокот се одржува во рамките на проектот финансиран од Европската Унија - “Регионална соработка и вмрежување во полето на земјоделството, руралниот и економскиот развој во прекуграничните региони”, имплементиран од Постојаната Работна Група за Регионален Рурален Развој во Југоисточна Европа – SWG.
Претставниците од јавните институции, бизнис секторот, невладини организации и другите чинители од Македонија, Албанија и Косово ќе имаат можност да дискутираат на различни теми и проектни идеи кои ќе придонесат за интегриран економски развој на прекуграничниот регион “Шара”.
Проектот се стреми да придонесе кон избалансиран социо-економски развој на руралните области во насочените прекугранични региони на Западен Балкан, преку ефикасна регионална прекугранична соработка и зајакнување на регионалните капацитети за економска диверзификација во руралните средини.
SWG e меѓународна меѓувладина организација составена од владините институции одговорни за рурален развој во соодветните земји и територии од Југоисточна Европа. ABDA методологијата - пристап базиран на развој на територија (ABDA) преставува иновативен и инклузивен методолошки пристап кој овозможува одржлив развој на руралните прекугранични подрачја во Западен Балкан кои се карактеризираат со специфични развојни проблеми.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари