Македонија
29. January 2020 - 17:11

Претставници на УНЕСКО во инспекциска контрола во Охрид

Статусот на Охрид под лупа на Унеско. Зад затворени врати, на состанокот на заедничката Реактивна мониторинг мисија се скенира колку градот и државата спровеле од 19те препораки а утре експертите во посета на неколку локации меѓу кои и дивоиградените објекти. И додека од централаната и локалната власт се оптимисти дека Охрид нема да се најде на листата на згрозени подрачја невладините алармираат дека надлежните досега не исполнале ниту едно од барањата на УНЕСКО, особено во делот на справувањето со нелегално изградените објекти.

На средбата имаше и граѓани кои сакаа да дознаат што е спроведено за заштита на природното и културното богатство но и да кажат со какви проблеми се соочуваат.

Заклучоците од посетата на претставниците од Унеско ќе се најдат во извештајот на Комитетот за светско наследство кој ќе биде изготвен по февруари после истекот на рокот за исполнување на препораките.