Македонија
14. July 2016 - 14:22

Претставници на Светска банка во посета на Општина Василево

Претставници на Светска банка денеска ја посетија општина Васиелво за да ги утврдат приоритетите и потребите на граѓаните во областите кои се под ингеренција на општината, особено во делот на изградба на две улици во населените места Пиперево и Нова Маала. 

Од општината информираат дека претставниците на Светска банка оствариле средби со градоначлникот Ванчо Стојанов, со членовите на Советот, со раководниот тим на комуналното претпријатие „Турија“, како и со граѓани на двете населени места.

- Во населеното место Пиперево станува збор за улицата која од центарот води кон црквата. Нејзината должина е 244 метри и истата треба да биде со атмосферска канализација. Должината на улицата во населеното место Нова Маала изнесува околу 390 метри и истата треба да биде со канал од едната страна со што ќе се реши проблемот со одводнувањето. Техничката документација за овие две улици е веќе изготвена и нивната реализација ќе зависи од одговорот на Светска банка, стои во пишаната информација од Општина Василево.