-->
-->
Претставници на ОБСЕ/ОДИХР во посета на АВМУ
-->
Делегација на ОБСЕ/ОДИХР, предводена од Корин Јонкер, шеф на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на претстојните претседателски избори, денеска беше во посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).
Претставниците на Агенцијата информирале за текот, опфатот и наодите од мониторингот на известувањето на радиодифузерите во период од 9 февруари до 6 март годинава. На средбата се разговарало за последните измени на Изборниот законик, со акцент на примената на одредбите поврзани со платеното политичко рекламирање, соопшти АВМУ.
Тие прашања, како и правилата за изборно медиумско претставување се предмет на првиот јавен состанок на Агенцијата за аудио и аудиовизуелно медиумско претставување најавен за 27 месецов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван
-
Лични документи можат да се подигнат и денеска
-
Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор