Македонија
1. September 2017 - 8:25

Претставници на италијанската асоцијација за заштита на животните ЕНПА во Скопје

Со цел директна помош на бездомните животни во Македонија, надминување на проблемот со прекубројноста на животните на улица и стручна поддршка на барањата на „Анима Мунди“ за подобрување на законската регулатива за заштита на животните, денеска во Скопје пристигнуваат претставници на италијанска асоцијација за заштита на животните ЕНПА.

Претставниците на ЕНПА, како што е најавени, ќе имаат средба во Агенција за храна и ветеринарство и Италијанската амбасада во Република Македонија.

Како што информираат од „Анима Мунди“ состанокот во АХВ на претставниците на ЕНПА е на покана на Агенцијата.