Бизнис
1. July 2017 - 19:28

Претставници на ХОТАМ се сретнаа со министерот за економија Бектеши

Спречување на нелојалната конкуренција во агенциското работење нудејќи сомнителни услуги и екскурзии на туристите ,намалување на ддв то за храната и пијалоците од 18 на 5 проценти ,подобрување на инфраструктурата и регулирање на хаосот со такси возачите се само дел од мерките кои хотелиерите и туристичките работници ги доставија до владата во насока на подобрување на условите за привлекување на гости и развојот на туризмот.

Министерот за економија Бектеши потенцира дека предлог мерките ќе бидат разгледани за да се изнајде соодветно решение за истите.

Од ХОТАМ очекуваат поддршка во напорите за подобрување на условите за работа и решавање на проблемите во туризмот.