Македонија
30. May 2018 - 10:16

Претставници на Форумот за демократска Македонија се сретнаа со Талат Џафери

Претставници на Форумот за демократска Македонија вчера имаа средба со претседателот на Собранието Талат Џафери и генералниот секратар на законодавниот дом, Цветанка Иванова.

Претставниците на ФДМ, Маја Панова и Маја Петрушевска ја искористија можноста да ја претстават организацијата на иселеници како граѓанска, мултиетничка и инклузивна заедница на граѓани кои живеат надвор од Македонија.

Форумот го запозна претседателот на Собранието со мисијата и целите на организацијата.

Џафери изрази подготвеност за идна соработка со ФДМ особено на полето на унапредувањето на демократијата во Македонија.