Претставници на Форумот за демократска Македонија се сретнаа со Шекеринска во Вашингтон
- Претставници на Форумот за демократска Македонија, Тодор Арсовски, Анета Георгиевска - Шајн, Харис Фезлиу, Блаже Димов и Кристијан Фидановски во Вашингтон се сретнаа со вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Членовите на Форумот ги поздравија чекорите на Владата во преговорите со Грција и напорите за интеграција на Република Македонија во НАТО и ЕУ, се наведува во соопштението на Форумот.
Претставниците на Форумот го охрабрија ставот на Владата за потребата од вклучување на опозицијата во сите процеси, што неодамна резултираше и во консензуално донесување на неколку закони. Од Форумот беше нагласена потребата за забрзување на реформските процеси и административниот капацитет на државните тела.
Се разговараше и за начините на кои стручни лица од дијаспората можат да се вклучат на доброволна основа во советодавни услуги како придонес во овие процеси.
Се дискутираше и за јакнењето на меѓуетничките односи, посебно кај помладото население, преку интензивирање на работата на невладиниот сектор и во рамките на образованиот систем. Беше истакнато и залагањето на Форумот за демократска Македонија да биде вистински претставник граѓаните на Македонија кои живеат и работат надвор од земјата во сета нивна разноличност.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација