Македонија
1. јуни 2018 - 11:28

Претставници на Форумот за демократска Македонија на средба со Мицковски

Претставници на Форумот за демократска Македонија (#ФДМ)ја претставија програмата и прогласот на организацијата на средбата со претседателот на најголемата опозициска партија во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицковски.

Маја Панова и Маја Петрушевска посочија дека ниту една организација на иселениците од Република Македонија не може да зборува како единствен претставник. Беше посочено дека на секоја власт и е потребна силна опозиција во напорите за изградба на демократско и праведно општество.

Форумот за демократска Македонија истакна дека е отворен за соработка со сите политички субјекти во Македонија се со цел за поддршка и забрзување на демократските процеси.

Форум за демократска Македонија