Бизнис
9. July 2018 - 17:09

Претставници на Ексим банка доаѓаат во Скопје на средби во владата

Ќе биде ли неделава дефинирана цената на автопатот Кичево Охрид? Преговорите со кинеската страна се во финална фаза. Во среда, според извори на Сител и висока делегација на кинеската ЕКСИМ банка која ја кредитира изгрдбата на автопатот ќе оствари средба со надлежните. Во преговорите се  користи и консултанстка помош. Целта е да се договорат пониски цени, односно цените според кои досега работеа подизведувачите, а со тоа цената на автопатот да не биде превисока.

Изградбата на автопатот Кичево Охрид се проблематизираше минатата година по смената на власта кога беа констатирани редица неправилности во прокетот и изградбата. Рокот за завршување истече во јануари годинава, по што беше склучен договор за пролонгирање на градбата до јуни 2021. Паралелно течат преговорите за финансиите. Според првичниот договор, автопатот требаше да чини 411 милиони евра од кои 374 се кредит од ЕКСИМ банката. 220 милиони засега се неискористени. Но, ќе бидат потребни уште пари затоа што само за осумте клучки кои сега се проектираат ќе чинат околу 30 милиони евра, посебен проблем е тунелот кај Пресека кој ќе чини многу поскапо.