Претставничкиот дом на САД одобри 36,5 милијарди долари за справување со последиците од ураганите и пожарите
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри закон за доделување на 36,5 милијарди долари помош за областите кои беа погодени од неодамнешните урагани и пожари во САД.
Од вкупната сума, 18,7 милијарди долари се наменети за Федералната агенција за управување со вонредни ситуации, меѓу чии задачи се последиците од ураганите, кои ги опустошија Тексас, Флорида и Порторико. Средствата, исто така, може да се искористат за обезбедување повластени кредити за населението.
Други 16 милијарди долари ќе бидат наменети за исплата на осигурителни отштети според федерална програма на граѓани кои ги загубиле своите домови.
Противпожаните служби, кои се борат со пожарите во Калифорнија, се предвидува да добијат 576,5 милиони долари од буџетот. Со останатите 1,27 милијарди долари ќе биде купена храна за жителите на Порторико.
Предлог-законот исто така треба да се разгледа во Сенатот. Ако Горниот дом не поднесе амандмани и го поддржи, ќе му биде претставен за потпис на претседателот.
Околу пет милијарди долари се насочуваат кон Порторико, за да им се помогне на локалните власти да продолжат да работат по недостигот на ликвидни средства, по ураганот Марија.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти