Македонија
30. јуни 2017 - 9:36

Претстави на Струмичкиот театар и Театар Комедија за крај на 5. „Битола Шекспир фестивал“

На програмата на петтиот Интернационален Битола Шекспир фестивал остануваат уште две претстави кои ќе ги изведат театри од Македонија. 

Струмичкиот театар вечер ќе ја одигра „Дванаесеттата ноќ“ во режија на Дејан Дамјановски, а утревечер фестивалот ќе го затвори Театар Комедија од Скопје со претставата „Сон на летната ноќ“ режирана од Андреј Цветановски.

Во 12-те фестивалски вечери, покрај пет театарски куќи од Македонија, гостуваа и шест реномирани театри од Бугарија, Русија, Казахстан, Романија, Словачка и од САД и учествуваат стотина актери. 

„Битола Шекспир фестивал“ е дел од мрежата на европската асоцијација на Шекспир фестивали кои го негуваат сценското богатство од творештвото на Шекспир.