Македонија
16. December 2016 - 21:06

Претставени кумот и здравичарот на 25 бадникарска прослава

Кум на 25-тата прослава на Бадник ќе биде Радко Манов, извршен директор во ГАМА, а здравичар Љубиша Николиќ, фудбалер, тон-мајстор во пензија, водител и режисер кој  рабтнiot век го поминал во Македонското радио, соопшти Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“.

Здравичарот Љубиша Николиќ им се обрати на присутните со свои стихови .

Традиционално  на 25-ми декември во 12 часот во месноста Говрлевска Краста на Водно ќе се берат бадникови гранчиња, а прославата е на Бадник, 6 јануари, од 10 до 13 часот пред Соборниот храм во Скопје.