Живот
30. December 2016 - 10:14

Претставена како трејлер за хорор филм, 2016. изгледа навистина застрашувачки

Годинава што изминува ќе ја паметиме по многу невообичаени и изненадувачки работи.

Кога се наведуваат овие настани неизбежни се победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ, смртта на голем број славни личности, како и неколкуте терористички напдити и жестоките конфликти во разни делови на светот. 

Поради сето ова многумина 2016-та ја оценуваат како „најлоша година во поновото време“.

Ваквите кавлификации ги натераа вработенити во „Френд Дог Студиос“ да изработат видео во кое 2016 година е претставена како трејлер за хорор филм, кој предизвика застрашеност кај многумина.