Македонија
24. September 2018 - 18:37

Претставен проектот за изградба на тунели под Кале

Со подземни тунели под кале и нов мост преку реката Вардар ќе се спојуваат двете страни на Скопје, најави градоначалникот Шилегов. Целта на градските власти е со овој проект да се поврзе булеварот Свети Климент Охридски со Пластичарска улица во Чаир, односно да биде оформен вториот сообраќаен прстен во метрополата.

Комплетната документација се очекува да биде готова до септември идната година, кога ќе се распише и тендерот за изградба. Целиот проект ќе чини 25 милиони евра.