-->
-->
Претставен новиот систем за присилно запирање на возила на МВР
-->
Во пресрет на одбележувањето на 7 мај Денот на полицијата, припадниците на полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Тетово, денеска го преставија новиот систем за присилно запирање - Стингер. Во активноста учествуваа обучени службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај .
-Ова средство ќе се користи кога возачот е осомничен за сторено криминално дело. Предноста на новиот Стингер систем во однос на поранешните ,,Ежови “ е тоа што сега при ваквата интервенција најмногу што може да се случи се сите четири пневматици од возилото да се дупнат и тоа безбедно да запре за да може да се соодветно да се интервенира врз возачот и евентуално другите осомничени во возилото. Овој систем е применлив на сите видови возила и тоа е систем изработен во САД, кој денеска го применуваат многу полиции во светот, изјави заменик командирот на полицискаат станица за безбедност во патниот сообраќај Тетово Дарко Блажевски.
При демонстрацијата на системот полицајците го поставија Стингер непосредно пред поминување на автомобилот со осомничениот возач при што единствена штета беше предизвикана на предните два пневматика на возилото кое потоа мораше да запре, а полицајците го уапсија осомничениот. Активноста беше изведена во близина на станицата на безбедност во патниот сообраќај Тетово.
Во рамките на денешните активности за одбележување на денот на македонската полиција, заградата на СВР Тетово ја посетија петнаесетина ученици од завршните одделенија на тетовското основно училиште „Истикбал“. Основците од ова училиште имаа непосредна можност да видат каде се сместени и како функционираат неколку служби на Секторот но и да ги прашаат и да добијат одговори од полициските службеници ангажирани за нивно запознавање со работата на истите.
-Посетата е составен дел од континуираните активности на СВР Тетово за доближување на полицијата до граѓаните и особено до младите со цел да се надминат некои стари предрасуди и стереотипи но и да се придонесе за продлабочување и унапредување на меѓусебната доверба и соработка. Тоа се основни цели и на повеќето превентивно-едукативни проекти кои лани и годинава, а и претходно, се реализираат во основните и средните училишта на подрачјето, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација