Македонија
7. October 2017 - 10:12

Претставата „Мечка“ премиерно во Театар Комедија

Претставата „Мечка“ од А.П.Чехов во режија на Димче Николовски вечер премиерно ќе биде изведена во Театар Комедија.  

Сценографијата е на Сергеј Светозарев и Милан Несторов, костимографијата на Марта Дојчиновска, а музиката е на Димитар Андоновски.

Во претставата играат Жарко Димоски во улогата на Смирнов, Жаклина Петровска во улогата на Попова и Илија Илиоски во улогата на Лука. 

Од Театар Комедија информираа дека до крајот на годинава ќе имаат уште две премиери и тоа во ноември и декември.