Македонија
25. February 2017 - 9:15

Претставата „Девојчето и дванаесетте месеци“ премиерно во Вевчани

Претставата „Девојчето и дванаесетте месеци" во изведба на патувачкиот театар „Поклони се и падни" вечерва ќе биде премиерно изведена во Домот на културата во Вевчани.

Народната приказна е работена според адаптираното сценарио на Љубица Баткоска, а е во режија на Душко Кукоски. Улогите ги толкуваат Ева Костојчиноска, Душко Кукоски, Даниела Маретиќ, Александра Плушкоска, Душко Кукоски, Елизабета Шекуткоск, Наташа Кукоска и членови на фолклорниот ансамбал при КУД „Дримкол“.

Патувачкиот театар „Поклони се и падни“ работи во рамки на Здружението - КУД „Дримкол“ од Вевчани.