Македонија
28. May 2016 - 11:19

Претседателството на БиХ домаќин на Брдо-Бриони процесот

Претседателството на Босна и Херцеговина е домаќин на регионалниот состанок на лидерите на Брдо-Бриони процесот во Сараево.

На состанокот, покрај членовите на Претседателството на БиХ и иницијаторите на Брдо-Бриони процесот претседателите на Хрватска и на Словенија ќе учествуваат и постојаните членови на Процесот, лидерите на Македонија, на Србија, на Црна Гора, на Албанија и на Косово.

Почесен гостин на овогодинешниот состанок е претседателот на Италија Серџо Матарела.

Процесот Брдо-Бриони го покренаа Словениј и Хрватска во 2013 година со цел преку регионална соработка и решавање на отворените прашања да се стабилизира Југоисточна Европа.