Свет
16. January 2016 - 9:08

Претседателски и парламентарни избори во Тајван

 Во Тајван денеска над 18,8 милиони лица со право на глас избираат нов претседател и состав на парламентот, јави ТАСС.

Гласањето на островот со 23 милиони жители е во 15.500 гласачки секции во 22 населени места. Се очекува изборната активност да изнесува околу 70 проценти.

Резултатите се очекуваат да бидат објавени утре, а втор круг од изборите не се предвидува.

Фаворити на изборите се 59-годишната Цај Ингвен и нејзината Демократска прогресивна партија. Доколку победи, Цај ќе биде првата жена претседател на Тајван.