Loading Video...
Свет
2. October 2020 - 12:45

Претседателот Трамп и првата дама позитивни на Ковид-19

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија се позитивни на Ковид.

На Твитер тој објави дека се наоѓа во карантин и се надева дека двајцата брзо ке закрепнат .

Трамп и Меланија беа тестирани откако се покажа дека неговата блиска соработничка 30-годишната Хоуп Хикс е исто така позитивна на корона. Хикс како советник за комуникации последнава недела беше во постојан контакт со претседателот.  

Засега има многу нејасни работи околу тоа колку време Трамп е позитивен и дали уште некој од Белата куќа е заболен. Останува нејасно и дали и кој ќе го менува  Трамп додека е во изолација.

Неговиот лекар сепак соопшти дека за тоа нема да има потреба бидејќи претседателот ќе може и од дома да си ја врши должноста.

Прашање е дали имал симптоми и кога бил на дебатата со неговиот противник  Бајден и дали тоа ќе значи дека и тој ќе треба да биде изолиран.

Останаа само 32 дена до изборите, а новата ситуација не му оди од рака на Трамп, кој во јавноста постојано праќаше мешани сигнали околу носењето маски и сериозноста на болеста.

Трамп е под притисок на јавноста, тој  само неколку часа пред да биде тестиран, учествувал на предизборен миринг, а притоа не носел маска.