Балкан
10. October 2017 - 14:58

Претседателот Тачи ја поддржа Парадата на гордоста во Приштина

Косовскиот претседател Хашим Тачи учествуваше на Парадата на гордоста, што се одржа во Приштина во организација на ЛГБТ заедницата.

Во своето обраќање, Тачи изајви дека секоја заедница во Косово е заштитена со закон и со Уставот и според него, никој во неговата земја не треба да се чувствува загрозен.

- Тука сум за да ја изразам институционалната подршка за ЛГБТ заедницата и да потврдам дека во Косово сите заедници се рамноправни и оти државата е изградена врз правата на сите. Нема да дозволам да постои став или закана кон ниту една група. Ние ги заштитуваме сите човекови права. Инситуциите го подржуваат секој граѓанин во Косово врз основа на Уставот и законите на нашата држава, посочи Тачи.

Од име на ЛГБТ заедницата се обрати Ленди Мустафа(21) кој порача дека „имаат љубов и за оние кои ги омаловажуваат“.

На парадата, на плоштадот „Скендербег“ имаше голем број учесници меѓу нив и странски граѓани, амбасадори, како и министри на косовската Влада.

Поради набиената агенда, премиерот Рамуш Харадинај соопшти дека нема да учествува.

Поради заканите кои ги добиваа организаторите изминатите денови, Парадата на гордоста се одвиваше под зголемено полициско обезбеднување.