Македонија
26. October 2019 - 9:06

Претседателот Пендаровски во официјална посета на Албанија, ќе се сретне со Мета и Рама

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Албанија.

Тоа е прва официјална посета на претседателот Пендаровски на Албанија.

Предвидено е претседателот Пендаровски да се сретне со албанскиот претседател Илир Мета, со премиерот Еди Рама и со претседателот на Парламентот, Грамоз Ручи.

Шефот на државата во Тирана ќе се обрати на Мировниот самит на Југоисточна Европа во организација на Универзалната федерација за мир.