Претседателот Пендаровски се сретна со шведскиот амбасадор Стафансон
Шефот на државата Стево Пендаровски денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шведска во нашата земја Матс Стафансон.
Двајцата соговорници, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Кралството Шведска, кои се карактеризираат со пријателство и заемно разбирање.
Претседателот Пендаровски изразил очекување за натамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете држави и посочил на потребата за интензивирање на комуникацијата на високо и на највисоко ниво.
На средбата претседателот Пендаровски ја истакнал важноста на континуираната шведска поддршка за интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија.
– Во таа насока, претседателот Пендаровски изрази очекување за скорешно одредување датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, истакнувајќи дека идното членство на Република Северна Македонија и на земјите од регионот во Европската Унија е важен предуслов за обезбедување на напредок и трајна стабилност, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи