Претседателот Пендаровски се сретна со европратеникот Манфред Вебер
Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Манфред Вебер, претседавач со парламентарната група на Европската народна партија во Европскиот парламент, кој заедно со делегација европратеници престојува во посета на државава.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, беа разменети мислења за европските аспирации на Македонија, при што претседателот нагласи дека полноправното членство во Европската унија останува стратешка цел на земјава, за што, како што рече, постои широк национален консензус и висока поддршка кај граѓаните.
На средбата претседателот Пендаровски истакна дека во очекување на одлука за почеток на пристапните преговори за членство, државата останува посветена на спроведувањето на реформската агенда.
-Пендаровски се заблагодари за поддршката од парламентарната група на Европската народна партија за интеграцијата на Македонија во Европската унија, реафирмирана со последната усвоена резолуција во Европскиот парламент за почеток на пристапните преговори со Македонија и со Албанија, како и за ставот на европратеникот Вебер дека Западниот Балкан е дел од Европа и има историска и стратешка важност, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок