Македонија
16. October 2019 - 14:03

Претседателот Пендаровски се сретна со директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Сотировски

.

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, денеска го прими Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

На средбата, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, биле разменети мислења и информации за тековните активности на Комисијата, како и за состојбите со културното наследство во државата.

Претседателот Пендаровски ја истакнал важноста на работата на Комисијата, во функција на унапредувањето на верските слободи и права во Северна Македонија.

Имајќи го предвид фактот дека во Северна Македонија се регистрирани 36 верски заедници, претседателот Пендаровски посочил дека е подготвен да соработува со сите верски заедници, во интерес на меѓусебното разбирање и толеранција.

Директорот Сотировски истакнал подготвеност да продолжи и да се унапреди добрата соработка на Комисијата со Кабинетот на претседателот на државата.