Македонија
13. February 2020 - 14:52

Претседателот Пендаровски прими претставници на Комитетот за заштита на правата

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на здружението Комитет за заштита на правата, како координативна организација на повеќе сродни здруженија.

Како што соопшти кабинетот на Пендаровски, на средбата претставниците на здружението го информирале претседателот за своите активности и поднесените иницијативи за донесување и изменување на законски решенија поврзани со судските постапки.

Претставниците на здружението истакнале дека за правната држава е посебно значајно донесувањето на Законот за преиспитување на докази и факти користени при донесувањето на судските одлуки, односно докази и факти кои потекнуваат од органите на прогонот.