Македонија
15. October 2020 - 11:08

Претседателот Пендаровски ќе му додели „Орден за заслуги за државата“ на Бигорскиот манастир

Претседателот на државата, Стево Пендаровски денеска напладне во претседателската резиденција на Водно ќе му го додели високото државно одликување „Орден за заслуги за државата“ на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, по повод 1000-годишнината од неговото основање.

Се очекува на свеченоста обраќање да имаат претседателот Пендаровски и игуменот на Бигорскиот манастир, епископот г. Партениј. Предвидено е да настапи и бигорскиот монашки хор. Целата свеченост, како што информираат од бигорката обител, ќе биде во живо пренесувана на нивната Фејсбук страница и Јутуб канал.

Централна прослава на 1000 годишниот јубилеј ќе биде одржана в недела во Бигорскиот манастир. Одбележувањето ќе почне во 9:00 часот со Божествена архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА. По завршувањео на литургијата, со пригодно слово кон присутните, освен архиепископот г. г. Стефан, ќе се обрати и покровителот на прославата, претседателот на државата Стево Пендаровски.