Македонија
16. December 2019 - 9:21

Претседателот на Уставниот суд Мурати ќе се сретне со евроамбасадорот Жбогар

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, денеска ќе оствари средба со амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар.

Мурати, по неговото назначување за претседател на Уставниот суд, досега имаше средби со амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих и со францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние.