Балкан
26. April 2016 - 13:27

Претседателот на турскиот парламент смета дека на земјата и треба верски устав

На муслиманска Турција и е потребен верски устав, додека секуларизмот, на кој се темели модерната република, треба да биде исфрлен од новиот устав, изјави претседателот на Парламентот Исмаил Кахраман, кој е од редовите на владејачката Партија на правдата и развојот.

Сепак, директорот на Уставната комисија Мустафа Сентоп изјави денеска пред новинарите, еден ден по изјавата на Кахраман, дека во нацртот на новиот устав на Турција е задржан принципот на секуларност и оти Партијата на правдата и развојот не разговарале за исфрлување на тој принцип. 

Владејачката партија настојува да го замени постојниот устав, кој датира од периодот после воениот удар изведен во 1980 година, а критичарите стравуваат дека новиот Устав би можел да концентрира премногу власт во рацете на претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој сака со извршно претседателство да го замени сегашниот парламентарен систем.