Бизнис
7. March 2017 - 9:07

Претседателот на Стопанската комора Азески на Копаоник бизнис форум

Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески ќе учествува на 24. Копаоник бизнис форум, што се одржува од денеска до 9 март.

Азески ќе зборува на третиот панел, на тема „Реформска програма на регионалните инвестиции: еден регион едно стопанство“.

Според организаторите, на Форумот се најавени најмногу учесници досега, околу 1.000. Претставници на компании од банкарството, осигурувањето, тровијата, туризмот, енергетиката, земјоделството, фармацевтската индустрија, високи државни функционери и влијателни бизнис лидери ќе ја разгледуваат програмата за реформи, не само во Србија, туку и во регионот. 

Присутни ќе бидат и амбасадори, дипломати, претставници од меѓународи финансиски инвестиции, економски аналитичари, теоретичари, меѓународни експерти, како и претставници од медиумите. 

Во рамки на Форумот чија тема годинава е „Програма за реформи во Србија: Што може да се научи од минатото и кои се решенијата за иднината“, планирани се 20 панел дискусии, три пленарни сесии, четири специјални случувања и две панел презентации. 

Програмскиот одбор предвидува расправи во три области: Интелигентна инвестиција како нова агилност на Владата во полето на фискалната консолидација, Програма за реализација на реформи: Развој на инфраструктура, реструктуирање на јавниот сектор и обмислен пораст, како и Одржлив и инклузивен развој: Перспектива на индустриските политики.